Sony неодамна ги објави плановите со кои повторно ќе влезе во светот на роботиката со создавање на нов тим за развој кој ќе помогне во нивниот прв проект: „куче-робот“.
Како што беше објавено од Nikkei претходно оваа недела, одлуката на Sony доаѓа по дванаесетгодишно отсуство од индустријата за роботика, по серија неуспеси што се одвиваа уште во раните 2000-ти.
Неочекуваниот раст на интернетот, како и глобалната финансиска криза во 2008 година, големиот земјотрес во 2011 година, кој ја потресе Јапонија, како и продажбата на „роботското возило“ (и неговиот тим) на Тојота во 2006 година, беа придонесувачки фактори.
Sony сега се подготвува повторно да влезе на пазарот со нов роботички проект сличен на роботизираното милениче Аибо, кое беше популарено пред неколку години. Всушност, тимот зад новиот проект е составен од неколку поранешни инженери од Аибо. Новото роботско милениче ќе се движи и ќе функционира како вистинско куче – иако ќе може да контролира домашни апарати и да одговори на гласовните команди. Nikkei го споредува со Амазон Ехо или со звучниците на Google Home, кои се опремени со вештачка интелигенција и интернет способности.
Оперативниот систем кој ќе биде во центарот на функционалноста на домашно милениче, исто така, ќе биде отворен за програмерите кои сакаат да додадат нови функции. Се прават планови роботот да се однесува како вистинско куче за да го направат популарен меѓу децата.
Интересно е дека роботот не бил првичниот план на Sony за да се врати на пазарот: Nikkei пишува дека, во јуни 2016 година, претседателот и извршен директор Казуо Хираи предложил компанијата да се фокусира на индустриски роботи или автоматизација, наместо нешто „способно да формира емоционално поврзување со клиентите“. Но, по кратко време станало јасно дека е тешко да се стане клучен играч во индустриската роботика.