Ако мислите дека сите јавни базени се бучни, грди и пренатрупани, никогаш не сте биле на овие места за пливање. Тоа се најубавите јавни базени во светот.
Селјавалалаушки геотермален базен, Селјавелир, Исланд
Селјавалалушкиот базен е скриената тајна на Исланд, иако постои речиси цел век. Базенот бил изграден во 1923 година и е опкружен со природен ѕид од карпи. Водата доаѓа од природен извор на минерална вода.
Тинсајд Лидо, Плимут, Англија
Изграден во 1935 година, Тинсајт Лидо е арт деко базен со преграсен поглед.
Аква паркот Водена Коцка, Пекинг, Кина
Чудесната Водена Коцка изгледа премногу добро за да е вистинска, но сепак е. Ова е најголемиот воден парк во Азија, и првично бил изграден за потребите на Олимписките игри во 2008 година. Сега е јавен воден парк кој секој може да го посети. Ново реновираниот комплекс има базен со вештачки бранови и неколку различни лизгалки, тобогани и скокалници.
Олимпискиот базен во северен Сиднеј, Австралија
Овој јавен базен има поглед кон познатото Сиднејско пристаниште. Дизајнот е во препознатлив арт деко стил и е прекрасно место за рекреативно пливање. Базенскиот комплекс содржи и затоплен базен.
Бањите Гелерт, Будимпешта, Унгарија
Овие познати бањи се изградени во 1918 година, па така таму буквално се плива во историја. Во комплексот бањи има десет базени кои се отворени секојден. Геотермалните базени претставуваат особено уживање.
Кралски Комонвелтски Базен, Единбург, Шкотска
Овој прекрасен базен бил изграден за Комонвелтските игри во 1970 година. Потоа бил реновиран и пуштен за јавна употреба.
Кицилано, Ванкувер, Канада
Ова е единствениот базен со морска вода во Ванкувер. Базенот има три лизгалки и плажа.
Речниот базен Џозефина Бејкер, Париз, Франција
Пливајте во реката Сена без да влезете во речната вода. Како е можно тоа? – така што ќе пливате во овој пловечки базен кој е отворен преку целата година. Опремен е и со подвижен покрив кој во лето се отвора.
Крапфенбалдлбад, Виена, Австрија
Овој базен чиешто име тешко се изговара е еден од најпопуларните базени во Виена, благодарение на глетката која ја пружа.
Сала за пливање Јрјонкату, Хелсинки, Финска
Јрјонкату е најстарата сала за пливање во Финска, отворена за јавноста од 1928 година. Комплексот е опремен и со сауни. Таму е традиција да се капете без костим за капење, но доколку сакате да носите, никој нема да ви забрани. За срамежливите, постојат и различни термини за мажи и жени.