Повеќе од 1.000 луѓе облечени во костими на ликовите од книгите на Толкин, учествуваа во битката за Средната Земја на петте армии. Годишниот настан се одржа во шума во близина на чешкиот град Докси, околу 80 километри северно од Прага. Битките беа жестоки, а за да се избегнат повредите, оружјата беа направени од дрво, прекриени со пластика.