Оди плавуша во автосервис и му вели на автомеханичарот:
– Откако ќе возам некого во автомобилот се појавува чуден мирис. А кога сум сама овој мирис го нема.
Механичарот ѝ вели:
– Чудно, прв пат слушам за таков дефект. Ајде да се повозиме тогаш заедно, да ми покажете.
Седнува во колата со плавушата. Тргнува таа по улиците, удира малку во тротоарот, ги меша гаста и кочницата и забрзува наместо да закочи, одвај се разминува со другите автомобили и за малку да изгази неколку пешаци… Се враќаат и плавушата му вели:
– Еве! Го осеќате ли?! Пак истиот мирис!
– Дали го осеќам?! Јас седам во него!