Авантуристка планира да го сруши Гинисовиот рекорд и да стане најбрзата патничка во светот посетувајќи 196 земји за 15 месеци. 27-годишната Кејси Де Пекол од Вашингтон тргнала на своето патешествие во јули 2015 година и сега се ближи кон крајот на нејзината епска мисија, посетувајќи 193 суверени земји, плус Тајван, Косово и Палестина. Досега смелата патничка пречкртала 180 земји и во текот на петнаесет месеци во авион се качила 254 паи. Проценува дека ѝ преостануваат уште 45 дена за да ја заврши својата вртоглава авантура.

ks01 ks02

Со нејзината страст за авантура, русокосата патничка почнала да го планира патештествието на нејзиниот живот на нејзиниот 25-ти роденден. Објаснувајќи ја нејзината жед за истражување, таа вели:

„Уште од училишните денови имав желба да ја посетам секоја земја во светот, интригирана да научам повеќе за секоја култура, природна средина и религија. Во Америка ја имаме таа среќа да имаме најразлични култури и луѓе од целиот свет кои ја прават земјата таква каква што е денес. Сакав да научам од каде сѐ потекнуваат овие луѓе, особено од каде потекнувам јас, бидејќи моите предци се од Европа. Се прашував што постои надвор од Северна Америка и како изгеда светот. Дали на Блискиот Исток е исто како што кажуваат на вести? А како е во Амазон? Патувањето во секоја земја за мене беше еден личен поход да научам колку што можам за светот, излегувајќи од мојата зона на удобност и да се привикнам на непознатото, истовремено оставајќи и наследство зад себе.“

ks05 ks06

Се проценува дека Кејси потрошила околу 196 000 долари во нејзиниот обид да го сруши рекордот, во што да го поднесе финансискиот товар ѝ помогнале редица спонзори. Спонзорите ѝ помогнале и за образовниот документарен филм кој Кејси го снимила попат.

ks08

Сподели на Facebook
пати видено