Колин Даулер моментално се наоѓа во болница е пресреќен што е сѐ уште жив, откако поминал низ пеколот. Тој се качувал со велосипед во оддалечена област на Британска Колумбија, на околу 300 километри северно од Ванкувер, кога бил нападнат од голема гризли мечка.
Тој и неговиот брат се обидувале да се искачат на планината Доџи Даулер која името го добила по нивниот дедо.
Колин земал солзавец со себе, но го изгубил некаде по патот. Тој преноќил во шумата и наредниот ден тргнал да се врати со велосипедот по пат за дрвосечачи. Тогаш на 30 метри од него забележал гризли мечка.
„Не бев сигурен што да правам, едноставно почнав да разговарам со неа.“, вели Колин. Колку и да изгледа чудно, разговорот со мечка е всушност позната тактика за да се смири мечката. Тој исто така го фрлил ранецот на друга страна за да ѝ го одвлече вниманието, но ни тоа не ја спречило мечката да го нападне.
Мечката го гризнала за ногата и почнала да го влече по патот, потоа го фатила за абдоменот и почнала да го гризе, Колин вели де слушал како му пукаат коските и како му го џвака месото. Во еден момент тој успеал да ги повреди очите на мечката и од џебот да извади џебно ноже со кое ја нападнал мечката во вратот.
Животното почнало да крвари, а тој набрзина се качил на велосипедот и возел цели 7 километри. Стигнал до кампот на дрвосечачите и пред да се онесвести успеал само да им каже да луѓето: „помош, јас бев нападнат од гризли мечка“