Сите имаме такви мали нешта за кои секогаш сме сонувале, но никогаш не сме ги направиле. Можеби тајмингот не бил погоден, можеби било премногу скапо, или можеби едноставно сме биле премногу мрзливи и сме продолжувале со помислата дека имаме уште многу време на овој свет за да ги реализираме работите.

Но за жал за некои луѓе животот зграснува прерано, уште пред да успеат да ги реализираат сите соништа и планови.

Полицајката Паула Пенделтон случајно станала дел од една емотивна приказна која прилично ја погодила. Паула од Волтон округот пред една година го изгубила својот сопруг, затоа кога пронашла шише со 4 долари во него, пепел и писмо, емоциите ја преплавиле.

„Седев во полицискиот автомобил и плачев како бебе.“, вели Паула. Во писмото таа ја дознала приказната за еден човек чии соништа никогаш нема да се исполнат и едно семејство кое сакало тој да биде слободен засекогаш. Еве што пишувало во писмото:

„Здраво,

Ова шише ја содржи пепелта на мојот син Брајан кој ненадејно и неочекувано почина на 9-ти март 2019 година. Повеќе од сè, тој копнееше да биде слободен, па затоа го испраќам на последната авантура. Ова шише е пуштено од Дестин, Флорида. Ако го најдете, ве молиме јавете се или пишете ми да ме известите. Оставив 4 долари за да го покријам повикот. Слободно можете да додадете своја белешка, а потоа љубезно повторно ослободете го. Мојот син имаше 39 години кога почина и тој беше длабоко сакан. Ве молам дозволете му да патува.

Бидете благословени.“

Вториот дел од писмото бил од ќерката на Брајан:

„Здраво, моето име е Пејтон. Јас сум ќерка на Брајан. Кога татко ми почина јас имав 14 години. Тоа му падна прилично тешко на нашето семејство и досега беше многу тежок пат. Но, како што рече баба ми, тој сакаше да биде слободен. Значи, тоа е токму она што го правиме.“

Паула знаела дека треба да помогне за да го продолжи своето патување и го вратила шишето во Мексиканскиот Залив. Брајан Милис бил возач на камион од Тексас и тој многу сакал да оди на риболов во океанот иако никогаш не пронашол време за тоа, исто така сонувал дека еден ден ќе може со семејството да патува низ светот. За жал прерано починал и неговите желби нема да бидат остварени во реалноста, но затоа неговото семејство на ваков симболичен начин решило да му оддаде почит.

Сподели на Facebook
пати видено