Во јануари 2016 веднаш по раѓањето на третото дете, Стефани Мериот тежела 80 килограми. Нејзината тежина значително се зголемила по секоја од нејзините 3 бремености. Стефани јадела брза храна во големи количини и по неколку чоколади одеднаш.
Кога нејзината пријателка и препорачала да проба предизвик од 28 дена за здрава исхрана, наменет за мајки, Стефани решила да го прифати. За помалку од 10 месеци таа изгубила 19 килограми.
30-годишната Стефани вели: „ Кога го родив моето прво бебе сите ми велеа да јадам што сакам затоа што го доев и јас ги послушав и се здебелив. Јадев храна која што не е здрава.“
Стефани не сакала да оди во шопинг затоа што тогаш се чувствувала депресивно. „Кога излегував не се чувствував самоуверено. Пробував 20 парчиња облека и ништо не ми беше удобрно. Плачев додека барав облека што ќе ме собере,“ вели младата мајка.
Програмата која што Г-ѓа Мериот ја пратела е Здрава мајка (The Healthy Mummy) и таму пронашла многу рецепти за здрава исхрана кои биле вкусни и здрави.
Диетата не подразбирала ригорозни рестрикции, туку всушност како сите јадења да ги зготвите на здрав начин. Така Стефани продолжила да го јаде своето омилено јадење, пицата, но сега во помали количини и со различни сосојки. Таа исто така го намалила консумирањето на леб .
Таа смета дека тајната во здравата исхрана е големината на порциите. Првите 16 килограми Стефани ги изгубила само со здрава исхрана и со редовни прошетки во паркот со нејзините деца, од кои најголемото има само 4 години. Потоа таа решила да почне со вежбање за да го зацврсти телото.
Сопругот на Стефани исто така се придружил на нејзината програма и ослабел 10 килограми. Стефани е среќна што нејзините деца нема да се сеќаваат на неа каква што била порано. Таа сега вежба во домашни услови, 20 минти на ден, 6 дена во неделата.