Кога во далечанта 1963 година, Алфред Хајнекен го посетил карипскиот остров Курасао, веднаш забележал два големи проблеми: недостатокот на градежни материјали за сиромашната класа на население и вишокот на шишиња што ги загадувале прекрасните плажи. Затоа тој го ангажирал дизајнерот Џон Хабракен и му дал задача да развие уникатна форма на шише, која се вика WOBO, кратенка од WОrld BОttle – светско шише).

WOBO всушност е генијално смислено шише кое е целосно погодно за градење на еко-куќи. Според пресметките, околу 1000 такви шишиња се потребни за да се изгради градба со димензии од 3 х 3 метри. Сепак, оваа идеја не станала револуционерна, а биле изградени само 2 објекти од сите шишиња произведени во рамките на оваа акција. Овие два објекти се наоѓаат на имотот на Хајнекен во Нордвајк, во близина на Амстердам.

Сподели на Facebook
пати видено