Ако некогаш сте нарачале повеќе отколку што можете да изедете и сфаќате дека „очите ви се поалчни од стомакот“ тогаш сигурно ќе може да сочувствувате со овој питон. Гигантската змија одлучила дека леопардот е совршен плен за неа, иако збунета импала стои во близина.
Првин леопардот беше фатен неспремен бидејќи беше зафатен со ловење на импалата, но потоа змијата му го привлече вниманието така што се обиде да му даде „смртоносна прегратка“ во резерватот „Триаголник Масаи Мара“ во Кенија.
Исплашените луѓе го гледале хоророт во кој големата мачка делувала како „готова“ додека змијата се обидувала да ја проголта. Сепак, леопардот на крајот успеа да го добие својот излез и го убие својот напаѓач со еден фатален залак.
Фотографот Мајк Велтон (28) го зароби моментот откако неговата сафари група слушнала дека има леопард во околината и побрзала да го посведочи моментот.
Фотографот, од Онтарио, Канада, веќе седум години го фотографира дивиот свет и ги опиша моментите што водат до борбата како „возбудливи“. Тој рече дека групата чекала 15 минути леопардот да ја улови импалата, но големата мачка била „навидум премногу трпелива“. Тој додаде: „Растојанието се зголеми меѓу двајцата и јас тргнав да го спакувам објективот мислејќи дека е готово.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!