Еден питбил бил прогласен за херој откако го спасил своето семејство од пожар во куќата во Калифорнија, САД. Нана Чаичанда била разбудена од нејзиното 8-месечната кучка, Саша.

Таа вели дека Саша „удирала и плачела“ на вратата во обид да ја предупреди неа и нејзината 7-месечна ќерка за пожарот.

Пожарот го зафатил комплексот од апартмани и наскоро целото соседство на Нана било во пожар. „Не знаев дека се обидува да нѐ предупреди за пожарот. Излегов од креветот за да видам што се случува. Во тој момент ја отворив вратата и Саша влета во спалната соба.“, вели Нана. Таа тогаш сфатила дека се запалила куќата на нејзините роднини и дека пожарот се доближува до нејзиниот дом.

Кога се вратила во спалната ја видела Саша како се обидува да ја извлече нејзината 7-месечна ќерка од собата, влечејќи ја за пелената.

„Благодарение на Саша успеавме да излеземе безбедно и да се јавиме на 911. Ги извлековме сите од нивните домови, безбедно. Ѝ го должам на Саша мојот живот и животот на моето дете. Таа нѐ спаси сите. Таа е наш херој. Без неа, ние веројатно никогаш не би се извлекле.“, додава Нана.

Пожарникарите пристигнале на местото на настанот по кратко време и успеале да го спасат поголемиот дел од зградата.

Но, домот на Нана бил уништен во пожарот. Семејството сега престојува со роднини кои живеат во еден од преживеаните апартмани.

Сподели на Facebook
пати видено