Велат дека треба „да пишуваш за тоа што го знаеш“. Но, тоа е совет кој треба да се зема со зрно сомнеж. А сепак, овие познати писатели се извршители на ужасни злодела. Пред за тоа да му припишеме вина на некаков „уметнички темперамент“ земете предвид дека психопатите ги има од секакво милје. Во случајов се работи за злосторници кои се добро познати, дури и прославени писатели.

1. Вилијам Бароуз (1914 – 1997), „Гол ручек“; „Џанки“; „Педер“

pis01

Познат по неговиот директен „плукни-залепи“ стил, како и по обилната злоупотреба на дрога, Бароуз се прославил како една од главните фигури на Бит генерацијата. Но, исто така е познат и по тоа што ја застрелал сопствената сопруга, Џоан Волмер Адамс. Двојката била во Мексико,иронично, бегајќи од американската правда…кога решиле да ја повторат познатата сцена кадешто Вилијам Тел со стрела го погодува јаболкото врз главата на неговиот син. Тоа е нешто што не би требало ни да помислите да го правите ни во трезна состојба, а не кога сте мртви пијани, какви што биле тие. Бароуз употребил пиштол, не стрела, и сосема очекувано Џоан била убиена. Бароуз поминал 13 дена в затвор, додека неговиот брат да ги поткупи властите за да го ослободат. Иако никогаш не лежел за тоа, инцидентот извршил значајна промена во неговото пишување.

2. Ен Пери (родена 1938 г.); Серија детективски романи со Вилијам Монк и Томас Пит

pis02

Родена како Џулиет Хјум, Ен Пери денес е прославен автор на детективски романи. Но исто така зела учество и во убиството на мајката на нејзината најдобра другарка, кога девојките стравувале дека нивните родители ковале заговор да ги раздвојат. Таа и нејзината пријателка Полин Паркер сепак биле разделени после убиството, лежејќи пет години во затвор. Смртната казна ја избегнале благодарение на нивната возраст (само 15 години) и им било наредено во иднина да нема никаков контакт помеѓу нив. Филмот Небесни суштества од 1994 на Питер Џексон е заснован на тој случај.

3. Јохан „Џек“ Унтервегер (1950-1994) „Чистилиште или пат до затвор“

pis03

Унтервегер, по потекло од Австрија, бил осуден на доживотен затвор во 1575 г. поради тоа што задавил осумнаесетгодишна девојка, неговата прва жртва. Додека се наоѓал таму, напишал извесен број поеми и статии со која се стекнал со извесна слава, како и романот „Чистилиште, или пат до затвор, којашто била адаптирана во филм. Бидејќи со неговото пишување се стекнал со извесен статус во општеството, по 15 години бил пуштен на слобода, по барање на политичари и интелектуалци кои сметале дека бил рехабилитиран. Но, лошите навики тешко умираат (или воопшто) и во 1992 година бил уапсен во Мајами за убиство на околу 12 проститутки кои ги убивал низ Европа и во Лос Анџелес, САД. Истата ноќ кога го уапсиле извршил самоубиство со бесење.

4. Луи Алтјусер; „Читање на Капиталот“; „Есеи за самокритиката“, „Иднината трае долго“

MAC2_4:ALTHUS.TIF

Овој француски философ-марксист се сметал за челникот на философијата на структурализмот. Исто така, бил сериозно ментално болен. Му била дијагностицирана манично-депресивна психоза, веројатно поради тоа што пет години бил воен заробеник за време на Втората светска војна. Извесно време престојувал во психијатриска болница. Потоа, на шеесет и двегодишна возраст ја задавил жена си. Бил притворен со обвинение за убиство, но било одлучено дека убиството се случило за време на психотична епизода и случајот бил затворен.

5. Франсоа Вијон (роден околу 1430 – исчезнал во 1463 г.); „Балада за обесените“

pis05

Овој поет од 15. век навистина имал среќа. Чест посетител на борделите, се степал со друг патрон околу наклонетоста на една од проститутките. Во гнев, смртно го прободел неговиот соперник, за кој се испоставило дека е свештеник, и додека свештеник да оди во бордел било невидена работа, да убиеш свештеник било уште полошо. Вијон бил помилуван, но подоцна бил уапсен поради грабеж. Ги признал сите злодела и бил осуден на смрт, но казната била заменета со десет години прогонство. Го напуштил Париз, и оттогаш никогаш повеќе не бил виден.

6. Томас Грифитс Вејнрајт (1794 – 1847)

pis06

Британскиот писател и сликар бил познат како соработник на познати списанија од тоа време, вклучувајќи ги „Литературна џебна книга“ и „Лондон магазин“, а неговите слики биле изложувани во Кралската академија. Исто така бил познат и по тоа што го претпочитал отровот како начин за справување со неговите несакани роднини, особено тие со многу пари. Помеѓу неговите жртви се нашле неговата золва, чиј живот бил осигуран на 18.000 фунти, и неговиот стар вујко кој во наследство му оставил куќа и значителна сума пари.

7. Марија Каролина Геел (1913-1996); „Заспаниот свет на Јениа“; „Чудно лето“

pis07

Плодната писателка од Чиле била позната по нејзините литературни дела и литературната критика, но и по нејзиниот контроверзен живот. Во 1956 го застрелала нејзиниот љубовник и била осудена на три години затвор. Додека била таму, го напишала романот „Женски затвор“, мешавина од фикција и нејзини сопствени искуства. Била помилувана благодарение на некои пријатели на високи места, имено добитничката на Нобелова награда Габриела Мистрал.

8. Исеи Сагава (р. 1949г.); „Момчето А“

pis08

Не само што опширно има пишувано за убиство, туку и признал дека извршил такво, а сепак, до ден денешен тој живее како слободен човек во Токио. Не одете кај него на вечера, бидејќи последниот што го сторил тоа, еден холандски студент, завршил застрелан, исечен и изеден. Кога бил уапсен од француската полиција (тоа се случило во Париз, 1981г. кога бил студент), смирено го признал стореното. Не бил осуден, бидејќи по грешка му била дијагностициран енцефалитис и се очекувало да умре по неколку седмици. Тоа не се случило и завршил во психијатриска болница во Јапонија, од којашто излегол во 1986 година.

9. Ханс Фалада (1893 – 1947); „И што сега, мал човеку?“; „Секој си умира сам“

pis09

Додека бил адолесцент, родителите на Фалада дознале за неговата романтична врска со друго момче. Фалада и неговиот љубовник решиле да извршат самоубиство за да не бидат институционализирани, што во тоа време често се случувало со хомосексуалците. Планот бил осуетен бидејќи недостаточно знаеле да ракуваат со оружје, и се завршило така што Фалада го убил својот пријател. Се обидел да се убие себеси, но преживеал и бил пратен во психијатриска болница. По извесно време бил прогласен здрав и пуштен на слобода, но насилните тенденции пак се разгореле кога по една расправија ја застрелал неговата сопруга.

10. Кристијан Бала (р. 1973); „Амок“

pis10

 Полскиот писател бил осуден на 25 години затвор во 2007 поради тоа што со предумисла го убил Дариуш Јанишевски, новиот љубовник на неговата бивша жена. Го мачел и осакатил Јанишевски, по што неговото тело го фрлил во реката Одер, и или поради чувство на вина или ароганција, детално го опишал настанот во „Амок“, кој бил клучниот доказ поради кој бил осуден.

Сподели на Facebook
пати видено