Фирма дизајнирала оружје кое во закочена состојба едноставно не може да се препознае бидејќи изгледа како телефон. „Совршено прикритие“ (Ideal Conceal) очекува одобрение за патентот за .380 калибарски пиштол кој се свиткува како мобилен телефон, заедно со лажна камера и лажен влез за слушалки. Овој дизајн го привлекол вниманието на многу ентузијасти за оружје кои го очекуваат неговото пуштање во промет, но организациите кои се борат против распространуваето на оружјето, како и силите на законот, се плашат дека ова би можело да придонесе за пораст на вооруженото насилство.

ps01

„Тоа што вознемирува е фактот дека изгледа како вистински мобилен телефон“, вели Ендрју Петрик, заменик директор за комуникации во Коалиција за запирање на вооруженото насилтво, организација во САД. „Има безброј случаи во кои деца се застрелале мислејќи дека се работи за играчка. Овој пиштол не само што е опасен, туку е и неодговорна работа.“

ps02

Компанијата го рекламира својот производ како лесно оружје изработено целосно со домашни делови од САД, и бидејќи паметните телефони ги има насекаде, пиштолот „лесно ќе се втопи во денешната средина“, овозможувајќи ви да го носите без некој да забележи.

ps03 ps04

Пиштолот може да го закачите за појас или да го чувате во џеб исто како и мобилен телефон, овозможувајќи ви да минете незабележано и во потребната ситуација лесно се активира и е подготвен за пукање, велат од компанијата. Кога не е во употреба, пиштолот е закочен со осигурувач, но кога ќе се тргне осигурувачот, „телефонот“ се трансформира во наполнет пиштол. Се планира пиштолот да биде пуштен во оптек во текот на годинава по цена од 395 долари, но само доколку патентот биде одобрен.

ps05

Сподели на Facebook
пати видено