После многу години, се среќаваат двајца пирати.
– Еј, Џон, си заличел на вистински пират – со дрвена нога, кука наместо рака и со превез на окото! Раскажувај како ти се случија овие несреќи?
– Што да ти кажам Роџер, ногата ја загубив при една нерамноправна битка.
– А раката?
– При еден грабеж, таман се фатив за другиот борд и еден со една мачета…
– А со окото што се случи?
– За окотооо… како да ти кажам… Си пловев јас во чамец и одеднаш што ми требаше да погледнам нагоре. Еден галеб ми се покака точно во окото.
– Ајде бе Џон, каков беше тој галеб?!
– Абе галебот беше обичен, ама јас уште не бев навикнат со куката…