Сите знаат за големата пирамида во Гиза, градба која со векови ги импресионирала, но и збунувала историчарите не само поради својата големина, туку и според нејасниот процес на изградба. Но, изгледа дека во антиката пирамидите не биле ограничени само на африканскиот континент – како што се гледа од сѐ уште постоечката пирамида на Кестиј. Се проценува дека е изградена помеѓу 18 и 12 г. пр.н.е. Градбата, која се наоѓа крај улицата Виа Остиенсис во Рим, била крената во времето на славниот римски император Август. Што се однесува до нејзината големина, овој споменик на културата е џуџе во споредба со египетските, но сепак остава впечаток со својата квадратна основа од 29.5 метри и височина од 36.4 метри.

Од структурална гледна точка, пирамидата на Кестиј е пострмна и пошилеста во споредба со египетските. На ова може да се гледа на градителска надмоќ на Римјаните, или пак на грешка во дизајнот, при што издржливоста на пирамидата веројатно се должи на употребата на бетон како основен материјал, врз кој потоа биле додадени тули и мермер.

pc01

Сепак, и покрај димензионалната „непропорционалност“, се чини дека римската пирамида била изградена по пример на египетските пирамиди. Од историска гледна точка, Египет веќе бил апсорбиран од Римската империја како нејзина провинција во 30 г. пр.н.е. Но, невообичаениот изглед на пирамидата веројатно се должи на римската воена експедиција во кралството Куш (денешен северен Судан) во 23 г. пр.н.е. Оваа инвазија на Куш веројатно е директната инспирација за римската пирамида, бидејќи според стрмноста таа повеќе наликува на нубијските пирамиди градени во кралството Куш.

pc02

Римската архитектура во тоа време веќе навлегла во својата „египетска“ фаза, со појавувањето на обелисци во повеќе делови од градот. Некои од структурите биле донесени од Египет – како 25.5 метарскиот обелиск на плоштадот на Св. Петар кој веројатно бил изграден во 13 в. пр.н.е. Покрај тоа, во самиот древен град Рим била изградена пирамида, позната како „Ромулова пирамида“, и веројатно се наоѓала крај денешен Ватикан и Адријановиот мавзолеј.

Во средниот век пирамидата на Кестиј била позната како „Пирамидата на Рем“ и двата паметници погрешно биле сметани како мавзолеи на Ромул и Рем, легендарните основатели на градот Рим. Во тој период, модата на египетските градби веќе била стивната под влијание на христијанството, и во еден чин на вандализам поттикнат од државата, Ромуловата пирамида била срушена, а мермерот од неа бил употребен векови подоцна за скалите на базиликата на Св. Петар, исто како што составни делови на античкиот римски Пантеон биле употребени за нејзиниот балдахин.

pc03

Што се однесува до деталите на самата Кестиова пирамида, во неа е сместена гробна комора од околу 23 метри квадратни, којашто е заѕидана во египетски стил. Овој внатрешен дел порано бил украсен со живописни фрески, додека натписот на југоисточната страна гласи:

„Гај Кестиј Епулон, син на Лукиј, од трибата Публилија, претор и народен трибун, Според неговата волја, ова дело беше завршено за триста и триесет дена; беше извршено од неговите наследници Л. Понтиј Мела, син на Публиј од Клаудиската триба, и неговиот ослободеник Пот.“

pc04

Како што стои на натписот, пирамидата била изградена за само 330 дена. За споредба, Големата пирамида во Гиза била изградена во период од 20 години. Римската пирамида била откриена за време на пробивање на тунел, кога работниците ја нашле недопрена. Исто така, пирамидата на Кестиј веќе била структурно поврзана со Аврелијаниот ѕид (задача завршена помеѓу 271 и 275 г. н.е.) – архитектонско решение коешто веројатно одиграло клучна улога во опстојувањето на пирамидата со векови. Неодамна пирамидата минала низ реставраторски процес, помогнат од донации на неколку филантропи, меѓу кои јапонскиот бизнисмен Јузо Јаги.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено