Се враќам дома во петок попладне и гледам неколку натписи на асфалтот во овој редослед:
„Ти си моето сонце!“, „Те сакам!“, „Направи ми, те молам, пилешка супа и мусака“. И знаете што? Жена ми ме пречекува среќна, а на масата – пилешка супа и мусака! Одам кај соседот да му кажам и… Кај него истите јадења! Комшија, ти кој си пишувал по асфалтот, сите мажи од маалото страшно те почитуваат!