Годишната воена вежба „Златна Кобра“ започна во вторникот во Тајланд, во која американските војници се соочија со серија на исцрпувачки и гадни задачи во името на преживувањето.
Дваесет и осум други нации присуствуваа на најголемиот настан од ваков вид во азиско-пацифичкиот регион, кој ги учи војниците како да преживеат во екстремни услови во џунглата. 4.500 припадници на американските сили ќе земат учество во исцрпувачките вежби на копно и на море, заедно со други војници од Сингапур, Кина, Јапонија, Индија, Јужна Кореја, Индонезија и Малезија.
Американските маринци пиеле крв од кобра за која се вели дека е ефикасен хидратор ако водата за пиење не е достапна за време на несреќа во џунглата. Маринците со затворени очи и отворени уста чекале да ја пробаат крвта од кобра. Но, некои од нив дури и изгледаат среќни што имаат можност да бидат дел од ваква „манифестација“.
А задачите стануваат сѐ потешки, војниците учат како да изедат тарантула и гуштери, како и други животни од џунглата. Но, не било сѐ од крв и месо, иамо и вегетаријански опции во џунглата, така што голем број на војници ја „пасеа“ бујната вегетација на џунглата.
Други вежби ќе вклучуваат воена обука, хуманитарна помош и вежби за помош при катастрофи во следните осум дена, пред финалната церемонијата на 22 февруари.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!