03:00! Пијан човек чука на вратата! Му отвора поспан маж!
Поспаниот:
– Кажи братче!
– Пааааа……. јассссс…. тукаааа…. се прибирам…
– Ова, братче, не е твојот дом! – И ја треска вратата!
По 10 минути пак некој чука на вратата…
– Пак ли ти бе братче! Кажи?
– Јас … тука … дома …
– Нели ти реков бе, братче! Тоа е мојот дом! Твојот е некаде на друго место! Бегај таму!
Трееееес вратата!!! По 10 минути пак ѕвони! Овој отвора нервозен!
– Кажи бе…
– Абе, имам едно прашање!!! Како може, ти да живееш насекаде, а јас никаде???