Жена започнала да се пораѓа на улица. Во овој момент поминува еден пијан.
Жената:
– Те молам, помогни ми!
Пијаниот:
– Леле, што да правам?
Жената:
– Повлечи го детето за главата!
Пијаниот:
– Опааа, излезе!
Жената:
– Фати го сега за нозете, сврти го наопаку и плесни го по газето!
Пијаниот го плеснал неколку пати по задникот и рекол:
– И повеќе да не влегуваш таму, разбра ли!