Англиските војници присуствувале на свечената церемонија за одбележување на реформацијата на 49-те теренска ескадрила, која е дел од нивниот полк. За време на воената кампања на Велика Британија во провинцијата Хелманд, нивните војници херојски расчистиле стотици бомби направени од страна на талибанците. Капетанот на единицата за деактивирање на бомби и неговите војници почнале многу да пијат алкохол во една од нивните бараки.
Кога капетанот се напил и заспал, војниците го соблекле гол и го заклучиле во тоалетот. Откако се разбудил тој почнал да тропа на вратата и да им вика на војниците да го пуштат надвор. Војниците му кажале дека ќе го пуштат кога ќе им ја покачи платата.
Капетанот се изнервирал и почнал да го демолира тоалетот. Тој со тоалетната школка успеал да го сруши ѕидот и да излезе надвор. Еден од војниците изјавил дека во тој момент сите „се згазиле од смеа“.
„Сепак тој е во неволја наместо нас. Бидејќи никогаш не требаше да се напие во една од собите. Сега тој ќе мора да плати огромна казна или да плати за штетата. Се надевам дека и тој на крајот ќе ја види смешната страна од приказната. Барем тоа беше импресивен приказ на иницијативата, како ги искористи алатките што му беа на располагање за да ја заврши тешката задача, додека беше под силно дејство на алкохол.“, вели еден од војниците.
Наредното утро штетата била пријавена на воената полиција и капетанот ќе мора да ја плати штетата за тоалетот и казна, која може да изнесува и неколку илјади фунти.