Пијана жена удрила и убила пешак бездомник, а потоа возела 1,5 километар со неговото тело забиено во ветробранот на автомобилот. 29-годишната Стејси Санчез била уапсена пред нејзиниот дом во Калифорнија, САД, додека нејзината жртва сѐ уште стоела заглавена во автомобилот. Полицијата вели дека удрила во пешакот кој стоел на тротоар, откако цела ноќ пиела. Го удрила со толкава брзина што тој пробил низ ветробранот и главата му удрила во патничкото седиште.
Покрај тоа, од ударот му испаднала ногата и излетала преку задниот прозорец, завршувајќи на багажникот на колата. Кога пристигнала дома, Санчез излегла од колата врескајќи, а потоа влегла дома. Едгар Еспарза излегол од својата куќа и го видел како сѐ уште штрчи од ветробранот. Потоа ја прашал Санчез што се случило, а таа одговорила дека сѐ е во ред. Тој додава дека нејзината облека му оставила впечаток дека била на забава. Кога пристигнала прва помош, човекот бил прогласен мртов на лице место.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!