Токму кога ќе помислите дека сте слушнале сѐ, најголемата организација за правата на животните во светот, ПЕТА, излегува со тврдење и статија дека пиењето млеко е знак на „белата доминација“.
Во нивната статија насловена „Зошто кравјото млеко е совршен пијалок за супремацисти“ тие ги советуваат луѓето да престанат да пијат млеко за да не бидат расисти.
Тие го објавиле своето мислење и на Твитер заедно со една приказна во која се вели дека млекото е „пијалок пар екселанс за владетелите“ и дека „белата течност“ веќе долго време е прифатена како симбол на белата надмоќ. Симболот (чаша) млеко, вели Пета, исто така се користи од екстремно десничарски луѓе.
ПЕТА додава дека млечната индустрија врши екстремно насилство врз другите живи суштества и дека кравите во млекарите „ги силуваат“ за да има повеќе крави кои ќе даваат млеко. И нагласува дека се обидува да ги разбуди луѓето за последиците од изборот да пијат млеко и дека треба да изберат различен пијалок, како што соино млеко.
Голем број на луѓе од целиот свет останаа збунети од оваа изјава на ПЕТА и начинот на кој тие го претворија „првиот пијалок“ на секој човек во нешто нечисто и расистичко. Дали ова ќе влијае на продажбата на млеко во светот? Нешто во оваа кампања смрди.