Кога нарачувате пица големината е една од работите кои ви се важни, колку е поголема толку подобро. Сепак овие минијатурни пици ќе бидат од поголемо значење од било која друга голема пица.
Американската франшиза на пицерии „Papa John’s“ почна да произведува „Beeza“ (Pizza), односно пица за пчели (на анг.Bee) во Велика Британија.
Популацијата на пчелите во Велика Британија драматично се намалува, што предизвикува огромна загриженост со оглед на тоа што инсектите ја штедат економијата со околу 1,8 милијарди фунти годишно поради напорната работа што ја извршуваат.
Ова не е прв голем поттик за спасување на пчелите, како што веќе ги видовме иницијативите како што се автобуските постојки во Утрехт или Мекдоналдс дури воведе и мали ресторани за пчелите во Шведска.
Сега „Papa John’s“ за создаде пицата за пчели која е 2,5 сантиметри во дијаметар. Направена е од нивното оригинално тесто и на неа има диви цвеќиња и е попрскана со лакален полен, рузмарин и мајчина душичка, класичен деликатес за пчелите.
Пицата е креирана од Том Вијтчерч, кој исто така е мозокот зад „првото минијатурно кулинарско училиште во Британија“ заедно со брендот за пица.
За жал пиците не може да ги купи секој туку „Papa John’s“ ги донира на фондациите за конзервација на пчелите. Купувачите можат да го донираат својот кусур за произведување на повеќе вакви пици и друг вид на помош за пчелите.