Пет канибали се вработиле во министерството за Труд и социјала. Првиот работен ден ги собира министерот и им вели:
– Сега сте дел од тимот. Ќе земате многу високи плати, но мора да ми ветите дека нема да изедете ниту еден од вработените.
Канибалите ветиле и почнале да работат во министерството. Поминал еден месец, минитерот бил многу задоволен од нивната работиа и ги унапредил. Поминал и вториот, уште едно унапредување и зголемување на платата.
Но, кога поминал третиот месец, министерот ги повикал и започнал сериозен разговор:
– До сега работевте одлично, си стоевте на зборот, но вчера чистачката ја снема. Да не ја изедовте вие?
Канибалите тврделе дека не се виновни тие и министерот ги пуштил.
Кога излегле од кабинетот, почнале да се преиспитуваат меѓу себе, кој ја изел чистачката. По кратко време едниот признал:
– Јас вчера бев многу гладен, не издржав и ја изедов.
– Идиот! Ние 3 месеци јадеме од администрацијата и од советниците и никој не забележува ништо! Како најде да го изедеш единствениот човек што работи нешто во министерството!?