Петнаесетгодишниот Анџело Касимиро од Филипините неодамна го објави својот нов пронајдок кој произведува електрична струја на нов и интересен начин.
Пронајдокот претставува влошка за обувки која генерира електрична струја секогаш кога личноста која ги носи ќе направи чекор. Анџело го конструирал својот уред употребувајќи пизоелектрични материјали кои генерираат наизменичен електричен полнеж секогаш кога ќе бидат притиснати.
Според блогот на тинејџерот: „Пиезоелектрицитетот е присутен уште од 18-от век. Тоа е електричен полнеж кој се акумулира во определени цврсти материјали (како кристали, керамика итн.)како последица на механичко влијание.
Младиот Анџело напорно работел четири години за да ја развие неговата идеја, почнувајќи уште на 11-годишна возраст. Сега кога го усовршил својот изум, подготвен е да го сподели со светот. Започнал пријавувајќи се за годишниот Научен саем на Гугл, кадешто станал регионален финалист.
Направата може да се искористи за полнење на мобилни телефони и други електронски уреди. Замислете си повеќе никогаш да не мора да носите полнач за вашиот телефон и да се грижите дека ќе ви се испразни кога сте на одмор, на фестивал или на планинарење.
Згора на тоа, Анџело ги направил плановите достапни за секого, така што секој може да го дополни концептот со своја идеја, за така да може да се подобри и да најде поширока примена.
Анџело вели дека иако уредот е целосно фунцкионален, се уште не е подготвен за масовна дистрибуција.