Еден маж се вратил дома од работа, преморен и нервозен. На вратата го чекал неговиот петгодишен син.
– Тато, тато, може ли да те прашам нешто? – рекло детето.
– Се разбира сине, што е работата?
– Тато, ти колку пари заработуваш?
– Тоа не е твоја работа! А зошто прашуваш?
– Само сакам да знам колку те плаќаат за 1 час.
– Околу 300 денари. Зошто?
– Тато, – рекол синот многу сериозно. – Може ли да ми дадеш 100 денари?
– Ми бараш пари за некоја глупава играчка? Ајде легнувај да спиеш доцна е! – Го искарал таткото. – Јас работам цел ден, одвај стојам на нозе, а ти ме замараш со глупости!
Детето се натажило, се свртело без да каже збор и си отишло во собата. Но таткото продолжил да си мисли затоа што детето прв пат во животот му побарало пари, па решил да види зошто му требале парите. Си помислил дека можеби е нешто навистина важно.
Таткото влегол во собата на синот, а детето веќе легнало да спие.
– Спиеш ли сине?
– Не тато. Само лежам – одговорило момчето.
– Извини сине, лошо постапив. Имав тежок ден на работа и избувнав. Еве ти ги 100-те денари што ми ги побара.
Детето се исправило, седнало на креветот, ги зело парите и радосно извикало:
– Ти благодарам тато!
Потоа ја кренало перницата, а под неа имало уште пари, неколку 50-ки и 10-ки. Кога го видел тоа, таткото повторно се изнервирал, но се воздржал да не му се развика на детето.
– Зошто ми бараш пари кога веќе имаш? – Прашал тој.
А детето ги собрало сите пари, внимателно ги преброило, па дури тогаш го погледнало татко си и му рекло:
– Еве тато, тука имам точно 300 денари. Може ли да купам 1 саат од твоето време и утре да се вратиш порано од работа за да си играме?