Нострадамус е еден од најпознатите претскажувачи и астролози во светот. Вистинското име му е Мишел де Нострадам. Најпознатото дело му е „Претскажувања“. Научниците сметаат дека повеќето асоцијации со светските случувања и неговите претскажувања се последица или на погрешно толкување или на погрешен превод, или пак неговите претскажувања се толку оскудни што не можат да се искористат како доказ за некакви претскажувачки способности. И сепак, многу луѓе сѐ уште се интересираат за нив. Еве што наводно претскажува тој за 2017 година.
Војни
Нострадамус предвидува вооружен конфликт меѓу Турција и Иран кој ќе се случи во 2017 година. Отпрвин тоа ќе биде локална војна и надмоќта ќе биде на страната на Иран. Како што ќе напредува војната, Турција ќе се обиде да ја искористи војната за експанзија во Европа.
Вонземјанска инвазија
Многу луѓе кои ги изучувале делата на Нострадамус се обиделе да ги дешифрираат скриените пророштва. Еден од проучувачите смета дека во едно од пророштвата се зборува за инвазија на вонземјани во 2017 година, кое ќе се случи веднаш по избувнувањето на трета светска војна. Вонземјаните ќе ја искористат војната за остварување на свои цели.
Природни катастрофи
Екологијата на некој голем град ќе биде нарушена од природни катастрофи и поплави. Како последица на потопот, лидерите во земјите погодени од катастрофата ќе ја загубат својата власт.
Смена на власта
Геополитичките претскажувања на пророкот се однесуваат главно на Германија и Италија. Во тие земји тој гледа смена на власта и појавата на нови тирани во Италија.
Светот
Ќе има кралски скандал. Тоа ќе се случи откако ќе бидат откриени тајни писма на кралицата.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.