Низ историјата има многу приказни за луѓе со глава на шакал или куче. Дури и древните Македонци и Египќани знаеле и се прашувале за оваа чудна раса на суштества. Во египетската митологија постоеле богови со глави на кучиња, како што се Хорус и Анубис и многу слики и статуи биле направени во нивна чест. Уште во петтиот век, лекар по име Ктесиј пишувал за постоењето на овие суштества во Индија. Тие исто така биле споменати и од древните Либијци. Општо земено, со текот на времето, терминот се користи во навредлива форма како начин на опишување на некого, наместо буквално за луѓе кои имаат кучешка глава.
Познати патници како Марко Поло ги споменуваат песоглавците во нивните текстови како варвари кои живеат на Андаманските Острови. Текстовите не застануваат таму, во Кина будистички мисионер, Хуи-Шенг, пишува за мажи со кучеши глави на островот источно од Фусанг. Некои од овие видувања се препишуваат на веројатноста дека древните патници забележале група на павијани и ги замениле со луѓе. Грчкиот историчар Ктесиј, од петтиот век, напишал дека на индиските планини видел мажи со глави на кучиња и не зборувале туку лаеле. Тие имале поголеми заби од кучињата, и канџи како животни. Познато е дека јаделе сурово месо, овошје и ловеле со лакови и стрели. Тие тргувале со локалните Индијци и праќале подароци за кралот на Индија.
Во вториот век еден историчал пишувал дека тие ја ловеле храната и ја печеле на сонцето, одгледувале овци, но не го говореле човечкиот јазик. Тој исто така пишувал за слична раса на патот кон Етиопија, кои имале црна кожа. Оваа раса од Африка наводно можела да крши ореви и да јаде зготвено месо. Нивните тела биле прекриени со влакна и имале глава и заби како куче.
Не е познато кој или што виделе овие патници додека го истражувале античкиот свет. Сепак песоглавците се омилен дел од литературата и филмовите.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.