Главата на малиот ѕвер се одмарала на неговата шепа, во замрзнатата земја цели 50.000 години. Пратисториското животно било пронајдено во вечниот мраз на брегот на реката Тирехтих од областа Абјиски во Јакутија од страна на локален жител Борис Бережнов. Возбудените научници го претставија откритието до јавноста.
Животното било на возраст од околу еден и пол до два месеци кога починало. Сé уште не се знае дали младенчето било машко или женско. Експерт д-р Алберт Протопопов рече: „Тоа е совршено сочувано младенче од лав, сите екстремитети преживеале. Не постојат траги од надворешни повреди на кожата“.
Животното е толку добро зачувано што според Алберт ова може да биде одлична можност да се клонира овој вид на животно. Оваа младенче е подобро сочувано од претходните две кои биле пронајдени во 2015 година. А во едно од нив научниците пронашле и траги од мајчино млеко.
„Тогаш сите беа изненадени и не веруваа дека такво нешто е возможно, а сега, две години подоцна, во округот Абјиски се пронајде уште еден пештерски лав. Степенот на зачувување е уште подобар“, вели Алберт. Најновото младенче е исто така малку поголемо од претходните две.
За претходниот пар, Ујан и Дина се сметало дека биле стари 12.000 години и дека се од периодот кога видот почнал засекогаш да исчезнува. Сепак, подоцнежните истражувања покажале дека тие живееле пред 55.000 години. За оваа младенче иако не се спреведени детални анализи, првичните наоди велат дека животното живеело пред околу 50.000 години. Се очекува анализата на забите на животното да даде подобар показател за возраста.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.