Длабоко во влажните џунгли на Борнео, Малезија, има процеп во варовничка карпа кој води до сложен систем на пештери. Влегувањето во пештерите не е за луѓето со слаб стомак. Во мрачната внатрешност се наоѓаат милиони лилјаци коишто висат од таваницата, додека подот и ѕидовите се покриени со лебарки, бубачки, стаорци и други морничави суштества кои се гостат со изметот на лилјаците и мртвите птици кои паѓаат од нивните гнезда. Пештерата исто така е дом на змии кои се хранат со стаорци и лебарки. Воздухот тешко мириса на амонијак од изметот на птиците. Се проценува дека изметот на подот е длабок до 3 метри. Дрвените премини низ деловите од пештерата достапни за јавноста ги држат посетителите безбедно над ужасните суштества коишто ползат на тлото.

pt01
Наоѓајќи се во ридот Гомантонг, во заштитен шумски резерват во Сабах, Гомантонгските пештери се најголемите пештери во државата Сабах. Пештерите се најпознати по гнездата на птиците кои со векови се собираат за правење на супа од птичји гнезда. Птиците салангани ги прават своите гнезда речиси исклучиво од нишки од нивната плука која се стврднува на воздух. Супата која се прави од овие гнезда се смета за скапоцен деликатес во кинеската кујна поради нивната реткост, како и наводната висока хранлива вредност и полезност за здравјето. Некои гнезда содржат и страни тела како пердуви и гранчиња, и се познати како црни гнезда. И тие се собираат за јадење, но почистата верзија оди по повисока цена.

Собирањето на гнездата е сега регулирано за да се спречи прекумерната експлоатација. Два пати годишно, од февруари до април и од јули до септември, локалните жители кои добиле дозвола се искачуваат до врвот на пештерата и собираат гнезда, употребувајќи единствено скали од бамбусови трски и јажиња. Првото собирање се случува во раната фаза на парење, пред салангите да ги положат нивните јајца. Птиците потоа прават друго гнездо во кое ги положуваат своите јајца. Откако ќе се испилат младите саланги и го напуштат гнездото, се прави второто собирање на гнездата.

Поголемиот дел од овие гнезда оди во Хонг Конг, кадешто се употребува за супи, пијалоци и лекарства. Изненадувачки, вториот најголем увозник на гнездата во светот е САД. Една чинија супа од гнездо во фин ресторан би можела да чини и до сто долари. Килограм бело гнездо може да достигне цена од неверојатни 2000 долари.

Интересно е тоа што и покрај високата цена, се раскажува дека желатинската супа е речиси без вкус.

pt02 pt03 pt04 pt05 pt06 pt07 pt08 pt09 pt10 pt11 pt12

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено