Сликите во масло на Кристобал Перез Гарзија ја отсликуваат градската атмосфера преку пејзажи обвиени во смог на самрак и в зори, и густиот сообраќаен метеж на урбаниот метрополис, видени од гледна точка на пешакот, односно видено низ очите на Гарсија. Во неодмна споделеното видео наречено „Сообраќај“, Гарсија дава краток но интимен поглед врз процесот на раѓање на неговите слики, во неговото студио и на улица.

Богатата текстура на неговите слики овозможуваат добра противтежа на магливите маси жители на градот и детализираните автобуси, такси возила и автомобили. Секоја слика ја истакнува светлината, било да се работи за природна светлина или за одблесоците на светлата на автомобилите и семафорите во преполните улици.

Гарсија е роден 1976г. во Алора, Малага и студирал сликарство и скулптура на Универзитетот на Гранада, Шпанија.

Cristobal_02

Cristobal_03

Cristobal_06

Cristobal_07

garcia-1

garcia-2

garcia-3

Сподели на Facebook
пати видено