Една жена се запрепастила кога намамена на масажа од страна на перверзник во Сентер Паркс, по што тој ја нападнал во сауна во познатото одмаралиште. Зохеир Малеки на себе имал само крпа каква носел персоналот на одморалиштето и таа поверувала дека тој е член на истиот, па така ја прифатила неговата понуда.
Му кажала на Малеки дека ја мачат грбот и рамењата, и потоа седнала, носејќи го на себе својот костим за капење. Откако ѝ ги истрил посочените делови, неговите раце почнале да шараат по нејзините нозе, но не ја допрел по гениталиите. Потоа и го соблекол горниот дел разголувајќи ѝ ги градите. Таа се покрила и кога ги отворила очите, видела дека тој е целосно гол.
На тоа Малеки ѝ одговорил: „Не грижи се, јас сум професионалец.“ Истото го повторил и со друга жена. Поради овие свои испади, следниот месец ќе се соочи со затворска казна, и покрај тоа што неговиот адвокат тврди дека неговиот клиент бил под влијание на алкохол и канабис и не бил свесен за своите дејства.