Персоналот на пицеријата Доминос му го спасила животот на овој човек откако се загрижиле поради тоа што нивниот омилен клиент не нарачал храна веќе единаесет дена. Четириесет и седумгодишниот Кирк Александар бил најден на подот во својот дом во сабота, откако персоналот на пицеријата повикале полиција бидејќи тој не ја отворал вратата на нивните повици.

dm01 dm02

Вработените се загрижиле откако Александар – кој седум години бил нивен редовен муштерија – речиси две седмици не се јавил во пицеријата, па така тие пратиле човек да провери дали сѐ е во ред со него. Трејси Хамблен тропнала на вратата на Александар во недела, веднаш после полноќ, но тој не одговарал. Можела да ја види светлината од вклучениот телевизор.

dm03

Хамблен се обидела да му се јави на муштеријата, но повикот бил пренасочен кон говорната пошта. Откако не успеала да воспостави контакт со него, Хамблен повикала полиција. Кога полицајците пристигнале на местото, слушнале повици за помош одвнатре. Го нашле Александар како страда од здравствени проблеми кои можеле да стават крај на неговиот живот. Бил одведен во болница и е во стабилна состојба. Полицијата не наведува детали за какви медицински проблеми станува збор, но велат дека имал тешки проблеми со здравјето.

dm06

Од пицеријата велат дека Александар е добро познат муштерија кој од нив редновно нарачува храна, од тестенини или пица до сендвичи и пилешки крилца.

„Секогаш нарачува нешто различно“. велат тие. „Тој постојано нарачува кај нас и сметаме дека во вакви случаи е наша должност да провериме дали е сѐ во ред со нашите редовни муштерии. Горди сме на членовите на нашиот тим кои презедоа иницијатива и помогнаа на наш клиент во неволја.“

dm07

Сподели на Facebook
пати видено