Посмртната пепел на Дејвид Боуви наводно била расфрлана на фестивалот „Burning Man“ кој се одржува во пустината Блек Рок, Невада, САД. 69-годишниот музичар почина во јануари губејќи ја битката со ракот. Се вели дека неговиот крштеник донел дел од неговата пепел да ја растури на големиот фестивал, бидејќи Боуви често зборувал со него за овој фестивал и му кажал дека многу му се допаѓала пораката зад него.

Иман, сопругата на Дејвид Боуви дала одобрение за овој настан и така на големата музичка ѕвезда ѝ била оддадена почит за време на мала церемонија пред 70-тина луѓе во Храмот, голема структура во Блек Рок Сити во која присутните им оддаваат почит на нивните починати.

„Возејќи од кампот до Храмот и назад, цело време пуштавме музика на Дејвид“, вели еден од присутните. По еднонеделниот настан, храмот бил изгорен.

Burning Man (Запалениот, горечкиот човек) е годишен фестивал кој се одржува во Блек Рок Сити – привремена населба изградена во пустината Блек Рок во Невада – и се опишува како општествен и уметнички експеримент.

db01 db02 db03 db04

Сподели на Facebook
пати видено