Во петокот што помина, во шумичка во предградието на Баларат во Викторија, Австралија, пензионер кој имал хоби да бара злато со детектор за метал нашол грутка тешка 2 килограми.
Колектори веќе му понудија на среќниот човек над 140.000 евра за грутка, но пензионерот не се брза да се раздели од богатството.
Наместо да брза да ја продаде грутката, тој купил поголем и појак детектор за метал и се вратил детално да ја пребара областа.
За крај погледнете ја најголемата грутка злато што до сега ја пронашол некој човек во Австралија:
Оваа грутка со тежина од 72 килограми ја пронашле рударите Џон Дисон и Ричард Оутс во малиот град Молиагул во Викторија, Австралија.