Хоби историчар од источна Германија тврди дека нашол нуклеарни бомби на Хитлер во подземен бункер. Седумдесетгодишниот Питер Лор употребил длабински радар во долината Јонас во Турингија, кадешто вели дека налетал на големи подземни пештери.

Лор, кој е школуван механички инженер, вели дека обликот на предметите е ист како кај нуклеарните оружја. Употребил 3D технологија за да ги идентификува петте големи објекти, за кои тврди дека се атомски бомби.

ht

„Металните предмети лежеле таму 71 година. Во еден момент ќе почнат да се распаѓаат и ќе мораме да се справуваме со втор Чернобил“, изјавил тој за локалните медиуми. Властите му кажале на г-н Лор дека не може да продолжи со своите истражувња. Кон крајот на Втората светска војна, воените затвореници биле приморани да ископаат 25 тунели под планина во долината Јонас, но биле напуштени пред крајот на војната и нивната намена останала непозната.

Концентрациониот логор Ордруф и долината Јонас биле освоени од американските трупи на 4 април 1945 година. Американските власти ја отстраниле техничката опрема пред да ги разнесат површинските влезови во тунелите со динамит, а сите документи поврзани со Ордруф ги прогласиле за доверливи информации кои не смеат да станат достапни за јавноста најмалку сто години.

Во 2015 година, двајца историчари аматери тврдеа дека нашле скриен тунел во Полска, полн со нацистичко злато. Но, експертите кои по нив го истражувале местото не успеале да најдат ништо.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено