71-годишниот пензионер Лоренс Џон Рипл од САД беше осуден, затоа што во септември минатата година ограбил банка. Пензионерот го извршил криминалното дело само затоа што повеќе сакал да оди во затвор отколку да остане со својата сопруга. Тој влегол во банката и на благајникот белешка со зборовите: „Јас имам пиштол, дајте ми ги парите.“ Потоа тој седнал и чекал да дојде полицијата да го уапси.
Земајќи ги во предвид сите околности на случајот, возраста на човекот и тоа што немал никакви проблеми со законот и во минатото, судот го осуди на 6 месеци домашен притвор, на 50 часа работа во служба на општеството и на парична казна од 227 долари.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!