Зоолошката градина „Ноевата арка“ во Рјазан, западна Русија е обвинета за злоупотреба на животни. Руските обвинители ја истражуваат патувачката зоолошка градина, откако имало десетици пријави дека животните врескаат навечер од болка и се изложени на жешкото сонце во текот на денот.
Шокантно видео ги покажува условите во зоолошката градина. Посетителите и активистите за правата на животните се жалат дека многу од 40-те видови во патувачката зоолошка градина се лишени од вода во врелите летни денови. Исто така животните се сместени во премногу мали кафези кои не се одржуваат, поради што локалните жители се жалат за смрдеата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!