Има премногу раси на кучиња и мора да признаете не е лесно да ги разликуваме, сепак не е страшно ако видите лабрадор и мислите дека е златен ретривер. Но, во одредени ситуации грешката може да ве чини затвор.
Колку и да ви изгледа невозможно пејачка од Малезија, Зарит Софија направила една ваква „слична“ грешка, ги преплашила на смрт соседите и завршила во затвор.
27-годишната пејачка и поранешна ријалити ѕвезда Зарит имала необичен гостин во нејзиниот стан. Миленичето било забележано откако соседите виделе како се обидува да го отвори прозоецот од нејзиниот стан и гласно рика. Да, станува збор за мечка.
Прво што ќе помислите е дека колку и да не сте виделе мечка во живо доколку ја сретнете со сигурност ќе ја препознаете. Но, не и Зарит. Таа мислела дека мечката е куче скитник и решила да ја посвои.
Всушност, нејзиното ново милениче било ретко „сончево мече“, вид кој е заштитен и се смета за „ранлив“. Тоа е исто така наведено како загрозен вид и заштитен со Законот за заштита на дивиот свет од 2010 година во Малезија.
Мечката имала 6 месеци и била во лоша форма кога Зарит мислела дека е куче и решила да го посвои и го однела во својот стан во западниот дел на Малезија, главниот град Куала Лумпур.
Зарит на крајот сфатила дека нејзиниот нов миленик, по име Бруно, воопшто не бил куче и планирала да го даде во зоолошката градина Негара, но сепак се размислувала.
Властите биле предупредени за ситуацијата откако мечката се појавила на прозорецот на станот и пејачката била уапсена. Таа била притворена од страна на членовите на Одделот за диви животни и национални паркови во Малезија за чување на заштитено животно, според локалните медиуми.