Џереми Батон излегол со кауција од 25.000 долари и за две недели требало да започне неговото судење, но одеднаш тој како да исчезнал од лицето на земјата.
Ова се случило на почетокот на 2016 година. Монструмот Батон се соочувал со обвинение за злоупотреба на дете и поседување на детска порнографија.
Но, од 2016 година немало ни трага ни глас од него. Според полицијата, тој избегнал апсење преку внимателно планирање и екстремна изолација од контакт со човекот.
Бегалецот на крајот бил откриен од ловец, кој ја забележал импровизираната врата на бункерот, врежан во насипот во близина на пешачката патека Ледено доба, во близина на градот Рингл, во округот Маратон, Висконсин. Ловецот, успеал да ја отвори вратата и видел заспан човек опкружен со конзервирана храна и бројни кутии.
Ловецот Томас Нелсон вели: „Ги следев трагите и ја збалежав вратата. Не можев да излезам од таму доволно брзо. Не може да се види вратата доколку не знаете дека има нешто таму. Ја отворив вратата и погледнав внатре каде што можев да видам конзервирана храна, кутии за складирање и си реков морам да влезам. Свртев на аголот и таму беше, лежи во креветот. Мислам, се тресев кога влегов, се тресев кога излегов.“
Кога излегол човекот повикал полиција, а кога полицајците пристигнале 44-годишниот Џереми дури изгледал среќен што остварува контакт со луѓе и сакал да им раскаже на полицајците како преживеал таму сам.
Бункерот, бил полн со паметни дизајни и импровизирани направи, вклучувајќи електрична енергија за компјутери, телевизија, радио и светла, филтер кој пумпа вода преку јаглен за да ја исчисти, соларни панели на покривот за напојување и генератор со велосипед, за да се врати .
Заменик шерифот изјавил дека имало над осум соларни панели на врвот на бункерот, при што жиците влегувалр внатре. Имало и цевка за шпорет, направена од лимени конзерви, која исто така излегувала над земјата.
Пред да се пресели во бункерот, Батон ги оставил своите автомобили, паричник и лична карта во куќата на неговата мајка, со назнака дека се преселил во Флорида. Потоа се возел со воз за јаглен до Ваусау и пешачел два дена за да дојде до бункерот. Властите велат дека нормален човек попрво би избрал затвор отколку ваков тип на изолација.
Сега Џереми ја чека својата казна која ќе му биде изречена во септември.