Според тврдењата на повеќе реномирани научници во иднина ќе можеме да патуваме низ времето. Веќе четири века кружи дилемата за тоа дали постои патување низ времето и за оваа тема имаме безброј книги, филмови и истражувања, а сепак теоријата не е доволно детално истражена.
Низ текот на годините модерните научници и физичари постигнале голем напредок, и со помош на експерти дошле до заеднички заклучок дека патувањето во минатото е невозможно, но затоа би можеле да патуваме во иднината.
Еден од првите научници кој го споменал патувањето низ време е Алберт Ајнштајн, кој претпоставил дека доколку некој патува со брзината на светлината надвор од планетата, тогаш времето буквално ќе се успори за патникот, додека за луѓето на земјата времето ќе продолжи со нормално темпо.
На Ајнштајн се надоврзал и физичарот Брајан Грин. “Замислете дека се качувате во вселенски брод, се движите со брзината на светлината, натаму патувате 6 месеци и повторно се враќате за 6 месеци. Кога ќе излезете од бродот ќе бидете една година постар, но за земјата ќе поминат многу повеќе години.” На земјата би можеле да поминат од 10.000 до 100.000 години во зависност од тоа колку блиску до брзината на светлината сте патувале.
Најважните коментари за патување низ времето ги има дадено Стивен Хокинг, најголемиот теоретски физичар на модерното општество. Теоријата на Хокинг е следна “Ќе ви требаат 6 години за да се достигнат потребните брзини. По првите две години ќе достигнете половина од брзината на светлината и ќе бидете далеку од сончевиот систем. По две години ќе патувате со 90% од брзината на светлината и ќе бидат потребни уште две години за да се постигне максималната брзина од 98% од брзината на светлината и секој ден на бродот ќе биде како една година на земјата.”
Со ваква брзина за патување до крајот на галаксијата би биле потребни само 80 години. Многу научници се согласуваат со теоријата на Хокинг. Благодарение на теоријата за релативитет на Ајнштајн се повеќе научници се надоврзуваат и одат чекор напред кон остварување на оваа футуристичка теорија која би го променила текот на човештвото.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.