Илјадници тешки камиони натоварени со јаглен секојдневно се движат по монголската пустина Гоби по таканаречениот пат на јагленот, се до кинеската граница. Камионџиите по цели денови се на патот, си готват јадење, се дружат, спијат, покриени со јагленова прашина.
Интересно е што многумина од нив ја јадат истата супа од месо што ја јаделе монголските орди на Џингис Кан пред повеќе од осум века. Крај патот може да се сретнат продавачи на цигари, вода и дизел гориво. Патот трае повеќе од една недела, а редот пред кинеската граница може да се протега и до 130 километри.