Ана Лушчинска била уапсена откако излегла од метрото во Бруклин. 40-годишната жена без да има посебна причина одеднаш почнала да навредува и физички да напаѓа друга патничка во метрото.
Девојката не ѝ возвраќа на нејзините навреди и насилство, но еден од патниците решил да го сними целиот инцидент и да ја изнесе Ана пред законот.
Ана упатува расистички зборови кон девојката со азиско потекло, нарекувајќи ја „кокошка“, а притоа ја напаѓа со чадор и клучеви. Луѓето околу нив се обидуваат да ја смират, но жената станува се похистерична.
Човекот кој го снимил видеото Јуан Ајала спровел „граѓанско апсење“ на жената кога излегле од метрото и повикал полиција. Ана била упасена и била обвинета за физички напад. Полицијата им се заблагодарила на сите граѓани кои учествувале во идентификувањето на жената и на оние кои ја спречиле да направи поголема штета.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!