Еден маж кој тврди дека патувал низ времето вели дека има фотографски докази дека Лос Анџелес ќе биде потполно под вода до 5000 година. Човекот, познат само како Едвард, тврди дека бил дел од врвен таен експеримент додека работел во лабораторија во Лос Анџелес уште во 2004 година, кој му овозможил да патува во иднина.
Во едно интервју за ApexTV, Едвард, чие лице и глас биле маскирани, изјави дека патувал до 5000 година и се запознал со човек кој го информирал за „апокалиптични“ поплави. Едвард тврди дека кога патувал таму, забележал дека сè е направено од дрво, но дека во почетокот не сфатил дека станува збор за истиот град.
„Тоа беше неверојатно. Стоев на огромна дрвена платформа. Не само јас – куќи, згради, возила, се разбира, сите направени од дрво. Потоа сфатив дека е истиот град, Лос Анџелес, но под вода. Само што беше поплавен и целиот град беше под вода, а луѓето живееја на водата.“, рече тој во интервјуто кое се одржа на тајна локација во неговата родна држава Ерменија.
Едвард сугерира дека успеал да го фотографира подводниот ЛА со фотоапарат со кој патувал како дел од експериментот. Едвард тврди дека поплавите биле директен резултат на глобалното затоплување. „Парчиња мраз во двата пола доволно се стопиле, а светот паднал под вода. Поплавата се случила поради премногу количина на CО2 во атмосферата, која чекор по чекор ја уништила природната заштитна зона“, вели тој.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.