АјконСпик е корисна маица со испечатени 40 универзални знаци, совршена за тие пригоди кога не го зборувате локалниот јазик. Дизајнот го смислиле тројца Швајцарци, по многу чаши алкохол за инспирација и по една авантура на расипан моторцикл некаде во Виетнам.
„Многу пати досега сме се соочиле со јазичната бариера која можеше да се надмине само цртање на знаци и симболи на парче хартија“ објаснуваат Џорџ, Стефан и Флоријан. „Си помисливме дека би било одлично човек постојано да има комплет знаци, па така би можел само да посочи кон било што што му е потребно – и луѓето би разбрале. Набргу извлековме бележник и почнавме да ги наведуваме најнеопходните знаци кои би можеле да бидат од голема помош за време на патешествијата.“