Гугл го претстави конечниот план за супер-луксузното седиште во Велика Британија, кое ќе чини над 1 милијарда евра. Овие канцеларии ќе имаат простор за одмор и спиење, спортски терени и ливада на кровот со патека за трчање од 200 метри, за да можат вработените да водат здрав живот. Во новиот објект ќе има околу 7.000 вработени.
Овие 80.000 метри квадратни ќе бидат првиот проект дизајниран лично од Гугл, кој се наоѓа надвор од Калифорнија. Од Гугл тврдат дека се стремат да го направат оваа место, најдоброто работно место во светот. Новите канцеларии се споредуваат со огромно игралиште за вработените, затоа што има олимписки базен, фитнес сала и спортска сала за кошарка и фудбал.
На прекрасната тераса од 300 метри освен градина и ливада, ќе има и ресторан за бесплатно кафе и храна каде што вработените ќе можат да се релаксираат и да одморат од работата. Доколку сакаат да одморат во текот на денот или кога работат за време на ноќта ќе имаат удобни големи перници и кревети.
Гугл моментално има околу 4.000 вработени во Велика Британија, но по изградбата на овој објект планираат да вработат уште 3.000. Тие изјавиле дека со изградбата на овој објект сакаат да ја продолжат традицијата која ја има компанијата, за обезбедување на најдобри услови за работа во светот.