По дефиниција сендвич е секој вид храна помеѓу две парчиња леб. Настанал во 18. век и од тој момент неговата популарност само се зголемува. Меѓутоа, изгледот на сендвичите се разликува од земја до земја, и сега ќе ви ги претставиме најразличните сендвичи кои можат да се најдат ширум светот.
1, Чакареро (Чиле)
Традиционалниот чилеански сендвич се прави од тенко сечена говедска или свинска шницла во округло лепче со домат, боранија и чили.
2. Чемита (Мексико)
Овој традиционален мексикански сендвич се прави од авокадо, месо, бело сирење, кромид и посебен црвен прелив.
3. Чип Бути (Велика Британија)
Чип Бути е сендвич со помфрит и сос.
4. Барос Луко (Чиле)
Изгледа дека Чилеанците многу сакаат сендвичи. Барос Луко сендвичот го добил своето име по нивниот претседател, кој постојано го јадел. Изгледа сосема обично – говедско месо и топено сирење во лепче, но веруваме дека е вкусен.
5. Чивита (Уругвај)
Чивита значи „мал јарец“, и содржи по по малку од сѐ и сешто. Парче говедско со моцарела, домат, мајонез, маслини, а понекогаш и сланина, јајца и шунка.
6. Чорипан (Јужна Америка)
Првпат овој сендвич бил направен во Аргентина, но станал омилен низ цела Јужна Америка. Се состои од крцкав леб и колбас со сос чинчри или пебре.
7. Магарешка плескавица (Кина)
Магарешката плескавица во Кина се смета за деликатес. Во сендвичот се става салата и пиперки, а лебот е необично крцкав и се топи во устата. Кинезите имаат поговорка која вели: „На небото се јаде месо од змеј, а на Земјата месо од магаре.“
8. Даблс (Тринидад и Тобаго)
Популарен сендвич со тост лепче, кој често се грицка пред спиење. Содржи леблебија зачинета со кари. Може да се додаде и манго, краставица, кокос и индиска урма.
9. Дирлигенс натмад (Данска)
Името на сендвичот значи „ветеринарска полноќна ужинка“, што и да им значи тоа. Во лебот се става парче солено говедско и малку паштета.
10. Донер кебаб (Турција)
Донер кебабот е доста популарен низ цела Европа. Во посебно направена пита се става специјално исечено месо и како додаток домат, кромид, зелена салата или чили.
11. Фишбретен (Германија)
Крцкаво лепче со риба (најчесто солена харинга) и кромид. Понекогаш рибата се потопува во сос.
12. Гетсби (Јужна Африка)
Главната состојка на овој сендвич е пржениот компир. Сендвичот е огромен, доволно да се најадат и четири луѓе од него, па често го нарачува група луѓе.
13. Катсу-сандо (Јапонија)
Минималистички сендвич со резанка свинско и ситно исечкана зелка.
14. Леберкасамел (Германија)
Се преведува како (сирење од дроб), иако во него нема ни дроб, ниту сирење. Содржи различни видови на месо и кромид, а лебот е во вид на плетенка. Исклучително се служи топол, мрсен и со сенф.
15. Медианоке (Куба)
Популарна ужина на Куба. Содржи печено свинско, шунка, сенф, сирење и кисели краставички. Сето тоа се става во сладникав леб.
16. Метброхтен (Германија)
Ситно исечкано месо (понекогаш сирово) со кромид.
17. Пан-бањат (Франција)
Отмен француски сендвич во кој се става туна, различен зеленчук, варено јајце и маслиново масло (никогаш мајонез). Лебот се прави од специјален вид на кисело тесто.
18. Плескавица (Балкан)
Сите знаеме што значи превкусна плескавица. Се прави од мешано мелено месо (понекогаш со кромид) прелиено со кајмак во вкусно лепче.
19. Свински сендвич (Макао)
Наједноставно што може – свинско во леб.
20. Бан Хи (Виетнам)
Виетнамски сендвич со свинско, исечкана краставица, скиселен морков и коријандер. Доста евтин и секогаш вкусен.
21. Роти Џон (Малезија)
Едноставен сендвич од различни видови месо, риба, јајца и кромид во бакет лепче.
22, Бургер со месо (Кина)
Популарен кинески сендвич кој често може да се купи на улица. Содржи месо (најчесто свинско, но и јагнешко и говедско, во зависност од регионот), лута пиперка и зачини во тенок леб.
23. Каја тост (Сингапур)
Во тенки парчиња леб се става каја – смеса од кокос и шеќер. Понекогаш се додава и јајце. Необична комбинација.
24. Арепа (Венецуела)
Арепа е пченкарно лепче во кој се става сирење, авокадо, свинско и од сѐ по нешто.
25. Хаваи тост (Германија)
Германците исто така сакаат сендвичи. Еден од нив е Хаваи тостот. Ананас, шунка, топено сирење и мараскино вишна на парче тост.
26. Вада Пав (Индија)
Вегетаријанска брза храна. Смеса од компир со силни зачини, популарно јадење во Индија.
27. Јакишоба-пан (Јапонија)
Сендвич со пржени јапонски тестенини, малку свинско, зеленчук и специјален сос.
28. Запиеканка (Полска)
На половина запечен бакет леб се ставаат печурки, топено сирење, месо и зеленчук. Има повеќе варијанти.
29. Флафернатер (САД)
Необичен сендвич со путер од кикирики и мачмелоу крем. Исклучително калоричен, но веруваме дека е доста вкусен.