Пратеникот во парламентот на Гана, Џон Фримпонг Осеи прашал на седницата кога селата во неговата изборна единица Абирем ќе добијат пристап до електрична енергија. Одеднаш сите присутни во парламентот почнале да се смејат. Смеата настанала откако Осеи ги кажа селата Етве ним Нјанса, Коте је Абоа и Шуа је Морбор.

Во превод од Тви јазикот ова се имињата на селата: „Вагината е мудра“, „Пенисот е будала“ и „Тестисите се тажни“. Министерот за енергија Боакје Агирко како одговор на барањето на Осеи дури и се пошегувал: „Обезбедувањето на електрична енергија може да им ги попречи ноќните активности.“

Но, тој додал дека ќе се спроведе анкета за да се открие како селата може да се поврзат со националната мрежа. Многу луѓе во Гана никогаш не слушнале за имињата на селата додека не биле прочитани во парламентот. Имињата најчесто се избираат од страна на првите доселеници на таквите заедници, кои го користат своето животно искуство за да го изберат името на своето село. Какво ли животно искуство ги натерало да им ги дадат овие имиња?

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено