Откако неговиот татко бил застрелан во 1993, Себастијан Марокин живеел живот на спротивставености. Синот на колумбискиот нарко бос Пабло Ескобар се дистанцирал од гревовите на постарите – така што избегал во Мозамбик, за потоа да живее во изгнанство во Аргентина под неговото сегашно име. Во исто време, семејството дури се обидело да го регистрира името Ескобар како бренд.

es02

Сега, кога интересот за Ескобар достигнува нови височини со серијата Наркос на Нетфликс која привлекува милиони гледачи од целата планета, Марокин ја издал својата втора книга за озлогласениот нарко бос. Марокин, кој претходно се вратил во Колумбија за да се запознае со жртвите на теророт на Ескобар, живеел живот на изобилство во текот на целото свое детство, дури и кога неговиот татко бил во бегство пред властите и соперничките картели.

es03

Ескобар, кој умрел на 44-годишна возраст, е поврзан со околу 7000 смртни случаи, безмилосно убивајќи соперници, припадници на полицијата и стотици цивили кои се нашле среде огнот за време на неговите крвави нарко-војни. Сега работејќи како архитект и самиот одгледувајќи свое семејство, 39-годишниот Марокин вели дека сето тоа дошло по висока цена.

„Чувствувам дека имам морална одговорност да излезам пред општеството, да ги признаат злосторствата на мојот татко и да се извинам на жртвите на тие злосторства.“

es04 es05

Марокин го побарал Хорхе Лара, син на колумбискиот министер за правда Родриго Лара. Хорхе гледал во ужас како го вадат трупот на неговиот татко од колата во која бил убиен по наредба на Ескобар во 1984 година.

Двајцата и покрај сѐ станале пријатели. Хорхе вели: „Луѓето понекогаш ми велат: – Како воопшто можеш да зборуваш со тој човек? Но, тој патува наоколу и зборува за тоа, не го крие. Значи тој е многу храбар човек. Но имал многу тежок живот.“

es06

Кога бил дете, Марокин немал никакви илузии за тоа од каде доаѓаат парите. Како глава на картелот Меделин, Ескобар бил вброен во списанието Форбс како еден од седумте најбогати луѓе во 1987 година, при што се проценувало дека неговото лично богатство има вредност од три милијарди долари.

Марокин раскажува: „Кога имав седум, или осум години, бевме во Панама и татко ми ми кажа: – Сине, јас сум професионален криминалец.

Уште како дете, татко ми секогаш јасно ми кажуваше во што е впуштен, но се разбира на таа возраст не можете да согледате каква тежина носат тие зборови. Тој ме предупреди за дрогата уште од рана возраст.“

На 9-годишна возраст бил одведен во една од фабриките за кокаин на Ескобар.

„Тој сакаше да бидам сосема најасно за опасностите од дрогата, всадувајќи ја идејата во мене дека тој кој не пробува дрога е храбриот, а не обратно…а сепак, парадоксално, тој беше најголемиот дилер на дрога во минатиот век“, вели тој.

es07

Како што растел, тоа било живот без ограничувања.

„Имавме куќи, станови, авиони, коли, моторцикли…“ Огромниот имот кој татко ми го изгради имаше зоолошка и аеродром, вештачки езера, имавме повеќе од шестотини вработени, шеесет возила, десет куќи…немаше граници.“

es10

Но, како што растеше озлогласеноста на Ескобар, неговото семејство ја плаќаше цената, преселувајќи се од куќа во куќа за да се обидат да ги избегнат непријателите.

„Никогаш не знаев точно каде сме бидејќи секогаш нѐ селеа со превез на очите“, си спомнува тој. „Татко ми претпочиташе така бидејќи во случај полицијата да нѐ фати и измачува да не знаеме да кажеме каде сме престојувале.“

es08

Во една прилика обиколени од полицијата, малиот Марокин станал сосема свесен за опасноста на ситуацијата.

„Имавме милиони долари во готовина, но умиравме од глад…не можевме да излеземе од куќата иако можевме да го купиме целиот маркет. Во тие мигови сфатив дека што ќе ви се парите од дрогата ако ја немате слободата да излезете од вашиот дом?“

es11

Тоа што денес е жив, тој го припишува на својата одлука да не зачекори по стапките на својот татко. Сепак, врз основа на своето искуство, Марокин вели дека татко му не бил исклучиво лоша личност.

„Мислам дека татко ми колку што имаше лошо, толку имаше и добро во него. Тој беше многу сложена, противречива личност. Неговата приказна се менуваше со текот на времето. Беше тежок за разбирање. Тоа што е грев во човечките очи, не е во Божјите“, вели тој.

es01

Сподели на Facebook
пати видено