Забраната за увезување на странски отпад во Индонезија ги вознемири селаните од селото Бангун, каде жителите велат дека заработуваат повеќе пари од сортирање на купишта ѓубре, отколку од одгледување на ориз во некогаш плодните полиња.
Презаситен од големиот увозот на отпад, откако Кина ги затвори вратите кон странското ѓубре, Индонезија ги заостри правилата за увоз и царинските инспекции, испраќајќи стотици тони странски отпад назад во нивните држави.
Зелените групи ја пофалија забраната, но жителите на Бангун велат дека ограничувањето на ѓубрето од земји како САД, Канада и Австралија ќе го избришат клучниот извор на приход.
„Ако тие ни го забрануваат ова мора да имаат друго решение. Владата не ни обезбеди работни места.“, вели Хери Масуд, кој дал изјава откако се одморил од пребарувањето во „планините“ со ѓубре во селото со 3.600 луѓе.
Предните и задните дворови на домовите во Бангун се прелеваат со отпад на земја што некогаш се користела за одгледување ориз.
Селаните бараат пластика и алуминиум за да ги продадат на фирмите за рециклирање. Производителите на тофу, исто така, купуваат отпад за да го горат како гориво при правење храна од соја.
Масуд вели дека парите од сортирање ѓубре се користат за финансирање активности како што се испраќање на селани на аџилак, на најсветите места во исламот во Саудиска Арабија. „Секоја година 17-20 луѓе од ова село одат на Хаџ. Тоа е финансирано од овој отпад “, вели тој.
Салам (54 години) вели дека рециклираното ѓубре плаќало за школување на неговите деца и купил куќа за неговото семејство и добиток. „Сега имам девет кози“, вели Салам, кој работи како брокер за отпад помеѓу селаните и блиската фабрика за хартија и вели дека неговата работа е полесна од земјоделството.
И покрај тоа што може да биде попрофитабилно, купиштата ѓубре се закана за здравјето на селаните, велат еколозите. Истражувањата на зелената група ЕКОТОН откриле дека микропластиката ја загадувала подземната вода во Бангун и во блиската река Брантас користена за пиење вода од 5 милиони луѓе во областа.
Индонезија минатата година увезе 283.000 тони пластичен отпад, што претставува раст од 141% во однос на претходната година. Земјата е втор најголем придонесувач на пластични загадувачи во океаните во светот, според една студија за 2015 година.
Домашниот отпад е исто така проблем. Индонезија генерира 105.000 тони цврст комунален отпад секојдневно во урбаните области, а само 15% се рециклирани, се вели во извештајот на Светската банка во јуни. Многу градски депонии се близу до исполнување на капацитетот, а плажите околу архипелагот честопати се преполни со ѓубре.